09 Октомври, 2024
0.0249

Пет најмлади милијардери во светот според Форбс

Објавено во: Стил 11 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Форбс објави листа на најбогати луѓе во светот. Она што привлече посебно внимание е тоа што помеѓу милијардерите се најдоа и неколку млади луѓе.

Во моментов најмладите милијардери се Александра Андресен, која има дваесет и една година, и нејзината сестра, дваесет и двегодишната Катарина. Богатството на секој од нив беше проценето на 1,4 милијарди долари.

Од  петте најмлади милијардери, тројца живеат во Норвешка.

5. Џон Колсон (27) 

По напуштањето на Харвард, Колонел и неговиот брат го основаа Стрип, американски сервис за плаќање услуги  преку интернет. Иако се родени во Ирска, тие работат и живеат во Сан Франциско, каде што се наоѓа компанијата. Вредноста на нивната компанија се проценува на 9,2 милијарди долари.


4. Иван Спиeгел (27) - 4,1 милијарди долари

Спиeгел заедно со својот другар од Станфорд во 2011 ја основа  апликација за  споделување на фотографии Snapcet. Кога нивната апликација стана една од најпознатите и најбарани, Спиeгел стана најмладиот извршен директор на јавното претпријатие. Околу 170 милиони луѓе го користат Snapcet секојдневно



3. Густав Магнар Вицо (24) - 1,9 милијарди долари

Магнар поседува скоро половина од норвешката рибарска компанија "Салмар", една од најголемите светски производители на лосос. Неговиот татко, Густав Вицо, кој сé уште ја води компанијата, му даде удел во 2013 година. Додека неговиот татко управува со компанијата, Густав се занимава со инвестирање во подвижен имот и стартап.


2. Катарина Андресен (22) - 1,4 милијарди долари

Вториот најмлад милијардер во светот, е поголемата сестра од фамилијата Андерсен, Катерина. Двете сестри наследиле 42 отсто од семејната инвестициска компанија Ферд. Нивниот татко сé уште управува со компанијата.


1. Александра Андерсен (21) - 1,4 милијарди долари

Помалата сестра Андерсен е најмладиот е милијардер во светот со нејзините 21 години. Нивната компанија е активен инвеститор во нордиските берзи