19 Мај, 2024
0.0286

Петар Гошев пофали еден-двајца министри а за Владата вели дека нема да ја намали нееднаквоста

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за финансии Петар Гошев во разговор за „Призма“ ја пофали работата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, за која сепак рече дека морала да ретерира од туркањето на аферата со неплатените придонеси во вториот пензиски столб заради стабилност на коалицијата СДСМ-ДУИ.

Царовска обелодени дека со години на 12.000 осигуреници не им биле уплаќани парите во вториот пензиски столб, по што на отворена сцена ја нападнаа функционери на ДУИ, чии истакнати партиски членови го воделе Пензискиот фонд во критичниот период. Владата ќе враќа 19 милиони евра како обештетување, но засега нема позитивни сигнали дека некој ќе понесе одговорност, особено во редовите на ДУИ од каде што во изминатиот период тројца директори го водеа ПИОМ.

„Министерката ‘летна’, па потоа бараше начин да се приземји, за да не ја приземјат. Таа, инаку, е една од повредните таму. Не станува збор за системски пропуст, иако министерката го употреби терминот откако очигледно ѝ се заканија. Потоа таа не успеа да го објасни тој ‘системски пропуст’, а тоа не го направи и никој друг. Можеби лидерите на коалицијата, оваа или претходната, се договориле за исплати, покриени или непокриени со регулатива, за кои не обезбедиле средства.“, вели либералдемократот за „Призма“.

Според него, единствени кои имаат изразено чувство за социјалдемократија во младата се Царовска и министерот за финансии Драган Тевдовски./

„Тие се потиснати од луѓе што немаат блага врска со социјалдемократски концепти, а според својот социјален статус и експресијата на нивното размислување и селекцијата на мерките што ги наметнаа, повеќе се компатибилни со Доналд Трамп отколку со некоја социјалдемократска фигура или ориентација“, тврди Гошев.

Ветеранот во политиката додава дека владата нема да го намали јазот во нееднаквоста со актуелните и со најавените мерки и рпоекти, а за враќањето на ДДВ вели дека тоа ќе нема никаква редистрибутивна содржина.

„На крајот на овој мандат на СДСМ, бројките за дистрибуцијата на доходот во Македонија ќе покажат натамошно зголемување на нееднаквоста“, вели Гошев.



Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама