ПЕТАР ТРПЕСКИ ЗАМИНА ОД ШПАРКАСЕ БАНКА ВО НЛБ, ЌЕ РАКОВОДИ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ - поднесе оставка од Одборот на директори на Берзата
Објавено во: Финансии 19 Октомври, 2023
Берзата извести за промени во своите органи на управување и раководење, и за тоа ја информираше јавноста преку соопштение на својата веб страница.
„Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност известуваме дека г-дин Петар Трпески поднесе оставка од функцијата неизвршен член на Одборот на директори на Берзата и во врска со истата направена е соодветна промена во тековната состојба на Берзата, којашто се води во Централниот регистар на РСМ“, се вели во известувањето од Македонската берза за хартии од вредност.
Според информациите од Берзата, оставката на Петар Трпески следува поради фактот што тој неодамна си замина од Шпаркасе банка, во која досега беше на позицијата прв човек на Секторот за управување со корпоративни клиенти, и замина на нова фунција во НЛБ Банка, каде исто така ќе биде раководител на Одделот за корпоративни клиенти на таа банка.
Инаку, Петар Трпески членуваше во Одборот на директори на Берзата како претставник од Шпаркасе банка, која, пак, е акционер на Берзата, и согласно неговото заминување во НЛБ Банка, си поднесува оставка од својата функција како неизвршен член на Одборот на директори на Берзата.
Пред една недела Петар Трпески на својот Linkedin профил сподели информација дека заминува во НЛБ банка.
„Јас сум среќен да споделам дека почнувам со нова позиција како раководител на Одделот за корпоративни клиенти во НЛБ Банка“, напиша Трпески на оваа социјална мрежа.
Инаку, Берзата е организирана како акционерско друштво согласно Законот за трговски друштва, со едностепен систем на управување. Собранието на акционери го сочинуваат претставници на сите акционери на Македонската берза.Одборот на директори се состои од осум члена, од кои седум неизвршни члена и еден извршен член. Членови на Одборот на директори на Берзата се Тони Стојановски од Стопанска банка Скопје, кој е и претседател, потоа досегашниот член Петар Трпески од Шпаркасе Банка, кој сега поднесе оставка, Михајло Брова Зиков од Комерцијална Банка, Ивана Гажиќ од Загребската берза, Славчо Филипчев од Грант Торнтон, Горан Анастасовски од Клириншката куќа КИБС, Иван Мишев од Адвокатското друштво Папазовски и Мишев, како и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонската берза, кој е извршен член на Одборот на директори на Берзата.
Засега нема информација кој ќе го замени Петар Трпески на оваа позиција во Одборот на директори на Берзата.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ НАГЛО ПАДНА - најголем пораст на еврото во последните 16 години

ТРАМП ПОТПИША ИЗВРШНА НАРЕДБА: Биткоинот станува стратешка резерва

ЕЦБ СО НОВО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ - очекуваат смирување на инфлацијата

ДИРЕКТОРОТ НА „ИНФИНИТИ СОЛУШНС“, СЛАЃАН МИХАЈЛОВСКИ ВЛЕГУВА ВО НАДЗОРЕН ОДБОР НА ТТК БАНКА - ова е предлог на главниот акционер „Тетекс“
ЕДНА БАНКА И ЕДНА КОМПАНИЈА ЈА „РАСТУРИЛЕ“ БЕРЗАТА ВО ФЕВРУАРИ - другите „мируваат“, се презаситија ли инвеститорите или е само мало затишје

ДРЖАВАТА Ѝ СКРАТИЛА ДЕЛ ОД ПЛАНИРАНИТЕ ПАРИ НА ОТА – сепак вработените можат да бидат задоволни од платите

ПОСКАПУВААТ БИЛЕТИТЕ ЗА ТРАЕКТ ВО ОМИЛЕНАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ: Од први мај ќе се плаќа повеќе за овој превоз во Грција

ЕВРОПА ОПАСНО СЕ НАОРУЖУВА: Рекордни 800 милијарди евра за одбрана - за што се подготвува унијата?

БДП ПОРАСНА ЗА 3,2 ОТСТО ВО ЧЕТВРТ КВАРТАЛ - еве кои сектори имаат најдобри резултати
