05 Декември, 2025
0.0382

ДИРЕКТОРОТ НА „ИНФИНИТИ СОЛУШНС“, СЛАЃАН МИХАЈЛОВСКИ ВЛЕГУВА ВО НАДЗОРЕН ОДБОР НА ТТК БАНКА - ова е предлог на главниот акционер „Тетекс“

Објавено во: Финансии 07 Март, 2025 10:24

Добивај вести на Viber

Слаѓан Михајловски да биде именуван за нов независен член на Надзорниот одбор на ТТК банка. Овој предлог го дава најголемиот акционер на ТТК банка, а тоа е тетовскиот комбинат „Тетекс“ до Собранието на акционери на банката, кое ќе се одржи на 2 април оваа година. 

Со оглед што Тетекс е доминантен акционер, се очекува оваа одлука да биде прифатена на акционерското Собрание.

„Предложениот кандидат за независен член на Надзорниот одбор на ТТК банка Срѓан Михајловски поседува професионални квалификации да ја извршува работата од делокругот на работењето на НО на банката, кои треба да бидат достапни до акционерите“, се вели во предлог одлуката, во која се даваат да бидат достапни до акционерите податоци за предложениот кандидат. 

Тој, како што се вели во предлог одлуката, ќе биде именуван за период од 4 години, и ќе му се определи награда за ангажирање и учество во работата на седниците на Надзорниот одбор.

А, ќе ја преземе функцијата откако ќе ја добие потребната согласност од Народна банка на Македонија.

Инаку, како што објавуваат од банката во предлог одлуката, Слаѓан Михајловски има завршено на ФЕИТ, насока ИКТ, на Универзитетот Кирил и Методиј.

Во моментов ја извршува функцијата главен извршен директор на Инфинити Солушнс ДОО, позиција на која што е 20 години.

А, она што е интересно, е дека Михајловски во Инфинити поседува и удел од 30 проценти. Додека, пак, во ТТК не поседува акции. Кон ТТК банка нема ниту никакви заеми. 

Таа компанија, како што стои на нејзината веб страница, нуди целосни услуги за консалтинг, развој на софтвер и инженерство со фокус на платформите и технологиите на Мајкрософт, овозможувајќи ефективно управување за своите клиенти. Инфинити е сертифициран партнер на многу познати ИТ брендови како Microsoft, NetApp, HP, Fujitsu и итн.

За Михајловски во предлог одлуката се вели дека има применети ИТ вештини во секторите банкарство, професионални услуги, државна администрација, логистика и здравство, како и дека е искусен аналитичар на деловни процеси, консалтинг, проектен менаџњер, има одлични комуникациски вештини, лидерство, ИТ систем архитеткт, и воопшто добро познат член на македонскиот ИТ сектор. 

Имал работно искуство и како национален акаунт менаџер во претставништвото во Македонија на Fujitsu Services London, од пет години, потоа постар советник во проект на УСАИД, а бил и раководител на ИТ системот на Универзитетскли клинички центар Скопје во период од 7 години. 

Во ТТК банка Тетекс е главен акционер со 41,42 отсто од акционерскиот капитал на таа банка.

Н.Н.Ф. 

Фото: Инфинити Солушнс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката