05 Декември, 2025
0.0357

ЕДНА БАНКА И ЕДНА КОМПАНИЈА ЈА „РАСТУРИЛЕ“ БЕРЗАТА ВО ФЕВРУАРИ - другите „мируваат“, се презаситија ли инвеститорите или е само мало затишје

Објавено во: Финансии 07 Март, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Цените во последниве денови можеби и не се во најдобра кондиција, ама инвестиоторите и натаму се заинтересирани за акциите на најмоќните и најпрестижните македонски компании и банки.

Берзата го објави како и вообичаено својот месечен билтен за февруари оваа година, кој покажува како се движеле берзанските параметри во вториот квартал од годинава.

Генерално, Билтенот за февруари покажува своевидна презаситеност на инвеститорската заедница од вложувањето во акции, барем според она што го говорат бројките. Што, пак, не е исклучено да се однесува и на можната „надуеност“ во јануари, а и во цела претходна година, кога за акциите не се прашуваше за цена, а берзанските индикатори растеа со прилично силна динамика. Значи, февруари би можел да се прогласи и за месец на постепено смирување, откако клучните акционерски битки веројатно се извојуваа, а нови засега, барем јавно, не се на повидок.

Што говорат клучните берзански параметри за вториот месец од годинава?

Берзанскиот промет се намалил значајно, за безмалку 30 проценти, што воопшто не е за потценување. Или, на берзата во февруари се свртеле нецели 11 милиони евра.

Пад има и кај бројот на берзанските трансакции, за околу 33 отсто, или за цела една третина.

Намалување бележи и самиот клучен берзански индекс, МБИ10, за 1,78 отсто, со што тој на крајот на февруари изнесувал 10.660,65 индексни поени, но сепак е добро што индексот е се уште над вредноста од 10.000 поени, која ја достигна неодамна после неколку години, и што се сметаше за историски успех за македонското берзанско работење.

А, поради тоа што се намалуваат цените на акциите, намалена е и пазарната капитализација на котираните акционерски друштва, така што сега вкупната пазарна капитализација изнесува 5,84 милијарди евра, што е за 1,02 отсто помалку во споредба со крајот на првиот месец од годинава.

Да видиме кој го направил најголемиот дел од прометот во февруари оваа година?

За нивна среќа, но за жал на разноликоста на берзанското работење, само две акционерски друштва го сочинуваат над две третини од прометот што се остварил во февруари на најтргуваните акции на домашниот пазар на капитал.

Па така, со акциите на Комерцијална банка е направен промет од 3,4 милиони евра, што е удел од 39,81 отсто од вкупниот февруарски берзански промет, додека, пак, со акциите на фармацевтската компанија „Алкалоид“ е остварен промет од 2,8 милиони евра, што е учество од 33,06 отсто од вкупниот берзански промет.

Или, вкупниот промет со овие две друштва е 6,2 милиони евра, а нивното заедничко учество е 72,87 отсто во вкупниот берзански промет со акции воопшто.

Следуваат уште неколку компании со кои е остварен заначаен промет, на пример акциите на „Макпетрол“ е направен промет од над 560 илјади евра, што е учество од 6,65 отсто, додека, пак, со акциите на НЛБ Банка прометот е 395 илјади евра, што е учество од 4,68 проценти.

Значаен промет има и со акциите на Стопанска банка Скопје, од 287 илјади евра или 3,4 отсто, потоа со акциите на Реплек е направен промет од 240 илјади евра или 2,84 отсто, Гранит има промет од 214 илјади евра или 2,53 отсто, а Македонијатурист се спушта на промет од само 195 илјади евра или 2,31 отсто. Македонски телеком има учество од 1,12 отсто, додека ТТК банка од 0,7 проценти.

Со акциите на сите други котирани акционерски друштва е направен вкупен промет од само 246 илјади евра, што е само 2,91 отсто од вкупниот берзански промет.  

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката