06 Мај, 2024
0.0243

Петков тврди дека Брисел ќе биде гарант за внесување на Бугарите во македонскиот Устав

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Бугарските власти не се откажуваат од барањето за внесување на Бугарите во Уставот. 

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков вели дека со македонската влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе достават заеднички предлог до Европската комисијата, Брисел да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав во текот на пристапните преговори со ЕУ. Тој во  интервју за „Еурактив“ изјави дека тоа не е билатерално прашање, туку е во согласност со принципите на сите земји членки на ЕУ.

„Мислам дека сега имаме разбирање со новата влада дека во Уставот треба да биде вклучено дека секој Бугарин во Северна Македонија може да се чувствува рамноправен со другите Македонци со поинакво потекло. Оваа еднаквост и антидискриминација се согласивме дека треба да се направи и сега треба да го најдеме вистинскиот механизам за да се осигураме дека ќе се случи. Во овој поглед, разговараме со нашите пријатели од Брисел да бидат гаранција за ова како дел од пристапните преговори. Не е дека едната земја притиска, а другата вели не, туку сега планираме да излеземе пред Европската комисија со заеднички предлог, на принципите на Копенхашките критериуми, на принципите на законска заштита на луѓето со поинакво потекло“, кажа Петков.

Според него, ова може да биде пример за другите земји од регионот. Бугарскиот премиер додаде и дека со македонската влада се согласиле дека треба да се справат со последиците од некаква си антибугарска кампања во времето на Тито. Ова е став кој за кој говореле и други бугарски политичари. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека и ние бараме од Брисел да биде гарант за македонскиот јазик и за македонскиот народ. 

Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ додека не се тргне бугарското вето. 

Но, бугарските власти ги игнорираат барањата на Македонците во Бугарија за кои долго време говори ОМО Илинден Пирин. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува