14 Декември, 2025
0.0518

Петковиќ тврди дека Бојан Мијаиловиќ е убиен „лице в лице“ додека лежел повреден во Бањска

Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2023 17:29

Добивај вести на Viber

Белград инсистира дека тројцата Срби во Бањска се брутално убиени.

Бојан Мијаиловиќ е убиен „лице в лице“ додека лежел повреден во настаните во Бањска, обвини Петар Петковиќ, проректорот на канцеларијата за Косово и Метохија на Србија. Петковиќ објави фотографија од телото на Мијаиловиќ велејќи дека сите тројца Срби се брутално убиени, пренесува Б92.

Петковиќ информираше дека според она што можеле српските вештаци да го анализираат од фотографијата, влезната рана на Мијаиловиќ била во пределот на левиот очен капак, а излезната рана на десната страна на главата.

Петковиќ рече дека е испратено и второ писмо до ЕУЛЕКС во кое Србија бара ЕУЛЕКС да одговори зошто бил одбиен да присуствува на обдукцијата на телата. Кажа дека обдукцијата и наодите се клучни за да се докаже дека Србите се брутално убиени.

„ЕУЛЕКС соопшти дека обдукцијата била извршена на 26 септември, а во изводот на смртта што го добиле семејството пишува дека е извршена на 25 септември“, посочи Петковиќ велејќи дека Србија претходно открила дека целиот процес бил „обвиен во тајност“.

Петковиќ изјави и дека косовскиот премиер Албин Курти „продолжува со својот терор“, потсетувајќи дека уште еден Србин е уапсен додека одел на погребот на еден од тројцата убиени Срби.

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција се повлекуваат од селото Бањска кај Звечане и ќе бидат заменети со припадници на интервентна единица, јави косовскиот портал на српски јазик КоССев. 

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?