Петре Шилегов му се налути на ДУИ за осветлувањето на Кале: Евтини анимации!
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2020
Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, му се налути на перформансот на подмладокот на ДУИ кои вечерва со огромен светлечки транспарент на скопската тврдина Кале на кој пишува „Зошто да не?“ побараа прв Албанец за премиер на Македонија.
„Евтини приказни, евтини политики, евтини анимации ...“, напиша скопскиот градоначалник во својата реакција на социјалните мрежи откако функционери на ДУИ објавија видео и фото-материјали од настанот.
Не е познато дали ДУИ добил дозвола од надлежните органи за оваа манифестација.