14 Мај, 2024
0.0400

Писмо од работничка во СП: Директорите не третираа како робови

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Тешката состојба во која се наоѓа компанијата Скопски пазар продолжува да ја преокупира македонската јавност, а вработените сè повеќе го креваат својот глас околу состојбите во претпријатието.

Во писмо испратено до медиумите, вработена во СП алармира за состојбите во фирмата и протестира против односот на актуелното раководсто на Скопски пазар кон своите вработени.

„Јас сум една скромна продавачка од Скопски пазар (една од многуте) која секогаш ја сметале за мирна и недоволно паметна да ги чита економските зделки во „нашата“ фирма, но така и е. Пред себе ја имам јубилејната книга „50 години Традиција 1952-2002)“. Со солзи во очите, горчина во душата, го читам воведниот збор на директорот на АД Скопски пазар – Трајко Давитковски. Ќе го цитирам: „Педесет години, непрекинати години во кои континуирано се вткаени нишките на традицијата на еснафот и на домаќинскиот дух. Во СП оставиле дел од себе сите оние што работеле во ова претпријатие и сигурен сум дека со истиот домаќински дух ќе вградат дел од себе и генерациите што ќе дојдат по нас“. КОБНА ПРОЦЕНКА – особено за неговите синови кои не само што не поседуваа домаќински дух – напротив покажаа крајно нечовечко однесување кон вработените и растурање на имотот на фирмата,“ се вели во писмото.

Според вработената во СП, процесот на одземање на контролата на работниците врз фирмата почнал одамна, но кулминирал со неодамнешното продавање и издавање на атрактивниот имот на Скопски пазар.

„Во март 1997г. го потпишавме договорот за доприватизација по принципот – Откуп на претпријатието од вработените.Процесот се заврши а ние продавачките бевме крајно изманипулирани. Директорот пушти атаци по нас (негови роднини, довчерашни неписмени шоферчиња и сл. кои буквално вршеа разни притисоци за да ги претвориме нашите обични акции во приоритетни. Сега. директорот Сашко Давитковски без ни малку совест, ги даде СП-маркетите на други фирми, нас продавачите не исфрли како партали на улица. Некои како мене се пред пензија со приоритетни акции без право на глас кои не вредат ништо. Точно е тоа дека ние оставивме дел од себе во ова претпријатие но добивме само болести, понижување од нестручен кадар – пример директорка на Трговија завршила Филолошки-Турски јазик, сега сме во безизлезна сиромаштија,“ пишува во писмото.

Вработената ја лоцира вината за состојбите во СП кај првите луѓе на компанијата, кои според неа, не направиле ништо за работниците.

„Директорот требаше да комуницира со нас, а не да не гледа како робови кои не земаат плата, акционерите не земаат дивиденда а тој го продава нашиот имот – имотот на акционерите. Водачот на една фирма е свесен за сите злоупотреби, одговорен е за продажбата на имотот на акционерите, продажба на дуќаните, деловните простори и на крај дојде редот на срцето на СП – Бит Пазар,“ се вели во писмото.

Како што веќе објавија медиумите, Скопски пазар е во милионски долгови, а компанијата ги продава или издава своите најатрактивни недвижнини за да ги исплати долговите кон банките и добавувачите. СП во последните месеци целосно го напушти бизнисот со чија помош беше исградена фирмата – малопродажбата. Сите некогашни супермаркети на Скопски пазар во Скопје сега се издадени на довчерашните конкуренти на СП – Зур и Кит-го.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН