14 Мај, 2024
0.0236

Пивара Скопје донираше летниковец во Општина Ѓорче Петров

Објавено во: Мои пари 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во духот на нам добро познатиот слоган “За Нас” на Скопско пиво, „Пивара Скопје” денес донираше нов летниковец, овој пат за жителите на населбата Ѓорче Петров.


Ова ново место за дружење и рекреација наиде на многу позитивни реакции од “ѓорчевци” кои се познати по негувањето на маалскиот живот и дружбите меѓу соседите, а посебно пријатно изненадување беше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски, кој е познат по својата непосредност и блискост со граѓаните од неговата општина, и го затекнавме токму тука:


“Пред се’, би сакал да им се заблагодарам на нашите пријатели од “Пивара Скопје” за донацијата на овој летниковец. На ваков начин, ја враќаме сплотеноста и истовремено им овозможуваме на граѓаните на едно урбано место да се дружат, релаксираат, да играат шах, табла, да разговараат за секојдневнието... Маалскиот живот во Ѓорче Петров е одлика на нашата општина, и токму затоа, особено ми е задоволство што на ова место, односно во населбата Даме Груев каде е поставен летниковецот, граѓаните ќе имаат можност да ја продолжат таа традиција”.  


Инаку, „Пивара Скопје” донира 15 летниковци за повеќе општини во државата, очекувајте наскоро и вашата општина да биде разубавена со ново место за искрени дружби и насмевки.


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН