19 Мај, 2024
0.0273

Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola донираат паркиралишта за велосипеди на Градот Скопје

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во рамките на глобалнатаплатформа за промоција на активниот живот како основа за создавање здрави животни навики, Пивара Скопје во соработка со компанијата Coca-Cola, донира 5 паркиралишта за велосипеди на Градот Скопје кои ќе бидат поставени на различни локации. Денес беше пуштено во употреба првото паркиралиште за велосипеди, кое е поставено кај фонтаната во Градскиот парк.

Основната цел на проектот е промоција на физичките, спортски и рекреативни активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот преку поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт.

„Долгогодишна заложба на Пивара Скопјеи компанијата Coca-Cola е збогатување на рекреативните содржини за сите граѓани во заедницата. Затоа, постојано реализираме нови и иновативни проекти кои ја покажуваат грижата кон заедницата во која делуваме.Верувам дека со оваа донација наменета за сите граѓани на Скопје, ние како Пивара Скопје ќе дадеме свој придонес во промоција на рекреативниот и урбаниот велосипедизам како начин на живот, но и во подигање на свеста за велосипедот како енергетски најефикасен градски транспорт со висок потенцијал за намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина.“, изјави  директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

„Во текот на изминативе неколку години Градот Скопје посветено работи и вложува во подобрувањето на велосипедската инфраструктура во Скопје. Потврда за тоа е успешната реализација на капиталниот проект „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ со кој во градот ќе се формира ефикасна мрежа на обележени велосипедски патеки коишто ќе бидат поврзани и достапни за користење, односно, ќе се овозможи на сите што користат велосипед без препреки и безбедно да стигнат до саканата дестинација. Досега, ги изградивмевелосипедските патеки од Рутата 1, на должина од 7.600 метри и на велосипедистите им овозможивме непречено да се движат од Гази Баба преку центарот на градот до Карпош. При крај е изградбата и реконструкцијата на велосипедските патеки од Рутата 2, на вкупна должина од 11 километри, од општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Ќе следува формирањето на велосипедските патеки од Рутата 3 кои ќе ја поврзат Кисела Вода преку центарот на градот со Карпош; патеките од Рутата 4, од Бутел преку Чаир до центарот, како и седумте конектори. Со проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ ќе се изградат и реконструираат вкупно 51 километар велосипедски патеки во Скопје.“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

„За нас е многу важно да создадеме услови и да ги поттикнеме граѓаните, а особено младите луѓе, во што поголем број да го користат велосипедот како алтернативно транспортно средство, да следат здрави животни навики и да придонесат за почиста животна средина. Во оваа пригода, се заблагодарувам на добрата соработка и на донацијата од 5 паркиралишта за велосипеди на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, како општествено одговорни компании кои ја поддржуваат нашата заложба за одржлив транспорт во градот и се вистински пример за грижа кон заедницата“, додаде градоначалникот Коце Трајановски.

Паркиралиштата за велосипеди се во облик на препознатливото шише на Coca-Cola, а на секоја од локациите ќе биде поставен пар од Coca-Cola и Coca-Cola Zero паркиралиште. Од аспект на дизајнот, се работи за иновативно решение кое истовремено ја рефлектира стратешката определба на компанијата во обединување на сите Coca-Cola вкусови во еден единствен бренд.

Проектот е реализиран во соработка со Градот Скопје, а партнер е и здружението #НаТочак кое даде свој значаен придонес во успешна реализација на истиот.

Како дел од истата платформа, Пивара Скопје во изминативе години заедно со компанијата Coca-Cola реализираше низа успешни проекти за поттикнување на активниот начин на живот, меѓу кои Coca-Cola фудбалскиот купи Coca-Cola активните зони, кои минатата година беа поставени во 5, а во текот на оваа година ќе бидат поставени во уште 5 града ширум земјата.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата