19 Јануари, 2025
0.0267

Пивара Скопје најави отпуштања – организациски се реструктуира!

Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Пивара Скопје крати 13 работни позиции, во сеопфатна програма за реструктуирање, со финансиски пакет од 24 плати по вработен. Еве го целосното соопштение од компанијата:

Пивара Скопје е одговорна македонска компанија, дел од глобалните системи на Coca-Cola и Heineken и работи во согласност со локалните закони и тековните пазарни услови целосно почитувајќи ги сите стејкхолдери.

Соочени со тековните предизвици на домашниот и светските пазари, Пивара Скопје е во процес на организациско реструктуирање кој дополнително ќе ја зајакне целокупната перформанса на компанијата и ќе ја обезбеди нејзината одржлива иднина. Меѓу другото, процесот се однесува на околу 13 работни позиции, од кои дел се од несуштински дејности на компанијата, а останатите се засегнати од процесот на модернизација на производството. Подготвена е сеопфатна програма за реструктуирање. Водејќи сметка за социјалната сигурност на сите кои се вклучени во овој процес и во согласност со својата политика и традиција на корпоративна општествена одговорност, со Програмата за реструктуирање се дава можност за финансиски пакет од 24 нето плати по вработен. Ова е значително поголем износ од оној кој е дефиниран со закон. Исто така, Пивара Скопје ќе организира соодветни обуки наменети за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот, а кои се предвидени во Програмата. Програмата за реструктуирање ќе биде имплементирана транспарентно, во соработка со вработените, согласно јасно дефинирани и прецизни критериуми во согласност со роковите и процедурите утврдени со закон и преку активен дијалог со сите засегнати страни. Паралелно со овој процес, Пивара Скопје АД продолжува со интензивни инвестиции во производството на пиво и безалкохолни пијалаци каде што над 50 милиони евра беа инвестирани само во последната деценија. Целта на овие два паралелни процеси, интензивни инвестиции и континуирано зголемување на продуктивноста и ефикасноста, е да обезбеди одржлива иднина за компанијата и да го задржи своето силно позитивно влијание на заедницата на која припаѓа.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ