01 Мај, 2024
0.0277

Планот на ОПЕК да ги крене вештачко цените на нафтата е пред неуспех

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Желбата на ОПЕК да го намали производството на нафта и на тој начин да ги зголеми цените е на пат да пропадне. Причината е дека Ирак, кој е втор најголем производител меѓу земјите во картелот, одбива да го намали своето производство. А без неговото учество поставените цели се тешко оставрливи, пишува Reuters.

На крајот на септември Организацијата на земјите-извознички на нафта се договорија за време на средбата во Алжир да го ограничат производството на нафта. Планот беше производството да биде во рамките на 32,5 - 33 милиони барели дневно од сегашните околу 33.4 милиони барели на ден.

Во неделата сепак Ирак изјави категорично дека ќе го задржи своето производство на ниво од 4.774 милиони барели дневно, а извозот - на 3.87 милиони барели. Причината е дека Багдад сака да го зголеми својот удел на пазарот, а освен тоа не се знае колку ограничување на производството ќе ги намали цените, бидејќи производителите во САД го зголемуваат производството во последните 11 недели.

„Нема да бидеме наведени да отстапиме ниту од ОПЕК, ниту од кој и да е“, коментира Фалах ал-Амри, директор на државната нафтена компанија.

За време на утринското берзанско тргување цената на нафтата од типот Брент падна до 51.6 долари за барел, што е пад од 0,4% во однос на нивото на затворање од петокот. WTI поевтини исто со толку до 50.63 долари за барел.

„Веројатно бројот на платформите во САД ќе продолжи да се зголемува како резултат на неодамнешното поскапување на нафтата“, се вели во коментар на американската банка Morgan Stanley.

Кон сето ова треба да се додаде и слабиот увоз на суровината од страна на некои развиени земји. Во септември Јапонија произвела 4.6% помалку нафта во однос на истиот месец претходната година.

Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?