ПЛАТАТА ИМ Е 1185 ЕВРА: Доста е работа за мали пари
Објавено во: Финансии 01 Мај, 2018
Чесите, Полјаците и Словаците на денот на трудот порачаа дека не сакаат да работат за мали пари.
Тие очекуваат нивните компании да се приближат до западните.
Работниците и синдикатите очекуваат раст од 7.3 проценти на платите, кои скокнаа бруто на 1185 евра.
Но, бараат и почитување на минималната плата од 500 евра.
Словаците тврдат дека нивните работници се многу продуктивни во компании кои се во сопственост на странци.
Од синдикатите велат дека се ближи роботизација и дека тоа е голем проблем за овие земји.