Платата им скокна на 511 евра
Објавено во: Економија 29 Септември, 2018
Во август граѓаните на Црна Гора земале плати од 511 евра.
Стручните и научни дејности, технички и други услуги се секторите кои придонесоа за раст. На вработените во овие сектори платите им се зголемија за 4%, а во преработувачката индустрија и сместувањето растот бил 3.7%.
Пад има во услужни дејности за 6.4%, во работа со недвижности 2.2%, информации и комуникации 2%, здравствена и социјална заштита 1.8%.
288 евра е просечната пензија во Црна Гора, а потрошувачката кошничка е 630 евра.