ПЛАТАТA СЕ ТРОШИ ЗА ДРУГИ РАБОТИ: Ова се градови со евтини кирии
Објавено во: Економија 21 Јуни, 2017
Куала Лумпур, Москва, Јоханесбург, Богота, Рио Де Жанеиро, Сао Паоло се само дел од градовите каде има евтини кирии.
Зад нив се Бејинг, Шангај, Милано, Торонто, Сиднеј.
Според податоци на „RENTCafé“, најлошото место за станарите е Мексико Сити, затоа што таму 60% од приходите одат во рацете на земјопоседници.
Во САД, ситуацијата не е многу подобра. 59% од просечната плата се троши за изнајмување на стан во Менхетен, Њујорк, што го прави познатиот кварт второто најлошото место за изнајмување. Оние кои бараат живеалиште во Лос Анџелес и Сан Франциско треба да се подготвени да одвојат 47% и 41% од платата. Најдобар голем град е Чикаго, каде за изнајмување се трошат само 38% од приходите.
Од „RENTCafé“ сметаат дека кирија која е прифатлива е 30% од приходите. Во оваа категорија спаѓа Берлин.
Местото каде што е најдобар сооднос помеѓу изнајмувањето на стан и платата сепак е Куала Лумпур. Секој кој ангажира живеалиште во малезиската престолнина, ќе може да троши 80% од приходите за сè друго, но не и за изнајмување.