ПЛАТИ ВО ХРВАТСКА: Најмалку заработуваат во производство на облека, а најмногу во авиосообраќајот

Објавено во: Економија 19 Септември, 2024 19:59
Просечната јулска нето плата во Хрватска изнесувала 1.315 евра.
Информацијата денеска ја објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС). На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 15,2 отсто, а реално за 12,7 отсто, во однос на јули 2023 година. Највисоката просечна месечна нето-плата по вработен за јули 2024 година е исплатена во секторот авиосообраќај и изнесува 2.248 евра. Најниска просечна нето плата во Хрватска е забележана во производството на облека во јули и изнесува 856 евра, се наведува на веб-страницата на ДЗС. Медијалната нето плата во Хрватска за јули е 1.130 евра, што значи дека половина од вработените во Хрватска заработуваат помалку од споменатата сума.
Можеби ќе ве интересира
РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти
