27 Април, 2024
0.0251

Платите пораснаа поради минималецот, нова промена е неиздржлива

Објавено во: Финансии 25 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Раст на вкупната економија преку раст на платите е концептот на кој Владата ги базира своите економски политики. Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера на трибина рече дека во последните две години растот на просечната нето плата е најголем во последните девет години. Додека во земјава се зголемува дебатата за концептот за раст на платите преку зголемување на минималната плата, Тевдовски вели дека во 2017 година најголем ефект за вкупниот раст е од зголемувањето на минималната плата, додека во 2018 година пораснала и продуктивноста.

„Во декември 2018 просечната нето плата се приближи до 26.000 денари, таа е за 1.934 денари повисока во однос на декември 2017 година или за 8,1 проценти. Во 2017 година најголем ефект даде минималната плата, додека во 2018 евидентен е растот на продуктивноста. Ја покачивме минималната плата, и го израмнивме прагот на минималецот за сите сектори. Како резултат на ова,  повеќе од 90.000 граѓани добиваат повисоки приходи, вели Тевдовски.

Владата за оваа година најави и ново зголемување на минималецот, но тоа засега е само најава. Воцепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за Фактор тврдеше дека зголемувањето на платите треба да се остави на пазарот. 

„Се отвораат 16 индустриски капацитети во моментов и тие бараат работници. Од друга страна, сакајќи да ги задржат работниците кои бегаат надвор, работодавачите почнаа да ги зголемуваат платите. Убеден сум дека платите ќе растат и во иднина и тоа резултат на законски решенија, туку како резултат на реални пазарни услови на пазар на трудот. Многу е лесно е да се каже некому да дели повисоки плати и тој ќе дели такви плати се додека не пропадне, рече Анѓушев.

Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска пак за Фактор вели дека моментот за ново зголемување на минималецот сега не е погоден, затоа што македонската економија е кршлива, приватниот сектор се бори со недостаток на специфична квалификувана работна сила, со сивата економија, со одржување на ликвидноста, со наплатата, а во состојба на политички превирања. 

„Постои нестабилна економска состојба во која не е вистинскиот момент да се прават реформи во оваа насока, особено не во промена на Законот за минимална плата затоа што тоа ќе има повеќе негативни отколку позитивни последици како што и беше истакнато во најновите извештаи на ММФ. Нашиот став, принципиелно е дека платите треба да бидат повисоки, но да имаме национална стартегија која треба да има зацртани цели за подобрување на продуктивноста на приватниот сектор, за обезбедување стабилен пласман на македонски производи, зголемување на бројот на компании кои извезуваат. Откако сето тоа ќе се постигне платите природно ќе пораснат, но да се наметнува вештачко зголемување на платите во услови на непродуктивност само ќе го зголеми преминувањето во неформалниот сектор, вели Арсовска.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат