По 3.500 евра казна за 23 лица од протестот во Сингелиќ
Објавено во: Македонија 23 Април, 2020
Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичен суд поднесе предлог за казнен налог против вкупно 23 лица од фамозниот протест во Сингелиќ за време на полициски час при што за секој од нив е побарана парична казна од 3.500 евра по кривичните пријави од МВР откако ги идентификуваше.
Сите се товарат за кривично дело непостапување на здравствените прописи за време на епидемија затоа што биле затекнати групирани надвор од нивните домови во Сингелиќ и ги прекршиле правилата на ограничувањето на движењето.
Секој од нив треба да плати 100 дневни глоби од по 35 евра. Трите лица кои беа уапсени на самото место на 13 април, поради што дојде до самиот протест, се веќе казнети од судот со сума од 5.000 евра.