14 Декември, 2025
0.2998

По БИХ и Бугарија, Газпром купува бензински станици и во Романија

Објавено во: Свет 05 Декември, 2012 13:00

Добивај вести на Viber

Компанијата "Нафтена индустрија Србије" (НИС), чиј мнозински сопственик е руски Газпром, е на чекор од купување на 60 бензински пумпи во Романија од „OMV  Петром“, пишува денеска весникот "Адеварул". Со ова Газпром прави мал, но важен чекор за влез на романскиот пазар, посочува весникот.На крајот на минатата недела НИС го објави купувањето на 28 бензински станици на OMV во Босна и Херцеговина, а пред неколку месеци најави дека има намера да купи 40 бензински пумпи во Романија до крајот на годинава и уште 120 до крајот на 2014 година. Есента оваа година српската филијала на Газпром купи три бензински пумпи на Евроил, сопственост на романски бизнисмени. Сега е на пат да купи речиси 60 на Петром, пишува весникот. Во натписот стои и дека со 63 бензински пумпи во Романија, Газпром ќе стане еден од големите синџири,  по Петром (550 бензински пумпи во моментов), Ромпетрол (450), Лукоил (300) и МОЛ (133). На локалниот пазар НИС ќе надмине мрежата бензински пумпи Аджип со 37 станици. Ова лето српската единица на Газпром-НИС Петрол купи уште пет бензински пумпи во Бугарија, со што го зголеми својот удел до 0.6% од бугарскиот пазар.

 

Можеби ќе ве интересира

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност