19 Мај, 2024
0.0286

ПО ЧЕТВРТИ ПАТ: Ново одложување на законот за нафтени резерви

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за финансииобјави дека ја почна процедурата за нови измени во Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, со кои планира да ја одложи примената на законот за уште една година, со што ќе се продолжи статус кво ситуацијата во овој сектор. Законот кој е донесен во 2014 година требаше да стартува од 1 јануари 2015, но по бројни одлагања како на претходната Влада, така и на актуелната, сега се предлага да стапи во сила на 1 јануари 2020 наместо од почетокот на идната година.

Законот е дел од европските енергетски директиви, односно дел од обврските на Македонија за пристапување кон Европската унија, а досегашниот начин на чување на државните резерви беше под постојана критика на приватните нафтени компании со образложение дека им создава финансиски загуби.

Ове е четврто одложување на примената на овој закон, а според објаснувањето од Министерството за финансии „целта на предложениот закон е неговата примена да се одложи за една година со што ќе се овозможи отстапување на нафтени резерви на корисници согласно постојниот закон кој сеуште е во сила, според кој задолжителните резерви на нафтени деривати може да се користат и во кризни состојби, како и во други случаи кога постои итна потреба од нафтени деривати“.

За оваа законска измена нема да се спроведе јавна расправа, што сигурно ќе ја стави актуелнава влада на СДСМ, како и претходната на ВМРО ДПМНЕ, во конфликтна ситуација со нафтените компании, но и европските институции, како Европската енергетска заедница (ЕЕЗ).

Во својот извештај за Македонија, ЕЕЗ, регулаторот кој го следи процесот на исполнување на енергетските препораки на ЕУ, забележува дека земјава доцни со легислативата и го критикува односот на властите кон проблемот со државните нафтени резерви. Токму игнорирањето на европските енергетски директиви беше повод за сериозни несогласувања меѓу минатата власт и ЕЕЗ, која неколкупати се закануваше и со санкции за Македонија поради неисполнување на препораките.

Нафтените компании, пак, се жалат на обврската за задолжително да складираат и да чуваат одредена количина нафта за државата поради што трошат сопствени пари и бараат државата да им плаќа соодветен надоместок за услугата. Според нивните аргументи, имаат трошоци за одржувањена резервоароти на околината, за плати за десетици вработени лица кои се грижатза безбедноста, како чуварска служба, но и за самиот резервоар и дериватите. Дополнителен трошок е тоа што нафтените компании кои имаат складови за државни резерви имаат обврски постојано да ја држат количината на исто ниво и со ист квалитет, што значи се што испарува го надополнува приватната компанија иако се тоа државни резерви.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?