02 Мај, 2024
0.0263

По Финците и Холанѓаните ќе добиваат пари без работа

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

По примерот на Финска, и Холандија ќе дава надомест на невработени лица без ништо да работат. 

Експериментот во текот на 2017 година ќе биде тестиран и во неколку градови во оваа земја. 

Мислењата за овој проект се поделени. Оние кои го поддржуваат моделот истакнуваат дека сиромашните и невработените на овој начин ќе бидат позаштитени, додека оние кои се против наведуваат дека поради овој модел никој од невработените нема да биде мотивиран да побара работа.

Во Финска започна исплата на основната месечна плата од 560 евра, како дел од социјален експеримент, со цел да се намали државната бирократија и сиромаштијата и да се зголеми вработеноста.

Овој пилот проект ќе трае две години, а Финска е прва земја во Европа која ја воведе оваа новина. 

Минатата недела 2.000 случајно избрани невработени Финци веќе добија 560 евра, а во тек е исплатата и на останатите кои немаат работа. 

Директорката на програмата кажа дека сите невработени ќе добијат пари без оглед на се`.

„Може да останат дома и да не прават ништо доколку им е доволен овој основен приход. Но, може и да имаат работа со скратено работно време или да започнат бизнис“- рече таа.

Се работи  за проект кој Финците го претставија лани во склоп на кампањата на владата која се залага сите граѓани да имаат основен приход кој во Финска изнесува 560 евра. 


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите