04 Мај, 2024
0.0271

По која цена се тргува нафтата пред празниците?

Објавено во: Економија 20 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Нафтата се тргува во тесни граници денеска пред божиќно-новогодишните празници, бидејќи инвеститорите ги затвораат своите позиции, без да очекуваат да заземаат нови пред почетокот на 2017 година, соопштува Ројтерс.

Американската лесна сурова нафта WTI поевтинува со 0,13% до 52,99 долари за барел до 10:40 часот, а цената на европскиот репер Брент расте со скромни 0,04% до 54,94 долари за барел.

Инвеститорите велат дека почнуваат да го чистат билансот пред Бадник и Божиќ, како и една недела пред Нова година. Како резултат на тоа не се очекуваат големи движења во цената. 

Синоќа излезе веста дека извозот на нафта од Саудиска Арабија е намален со 176.000 барели дневно во октомври. Тоа првично ја охрабри цената на суровината, но ефектот ослабна заради зголемувањето на извозот на рафинирани производи. Растечкото производство на рафинирани производи во монархијата е дел од еден поширока тренд, коментира Ројтерс.

Се очекува Азија да го пријави во 2017 година најголемото нето зголемување на капацитетот за рафинирање од три години, што ја поттикнува побарувачката на сурова нафта во најголемиот регион. Зголемувањето е за 1,5% на капацитетите за рафинирање. 



Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?