20 Декември, 2025
0.0784

По навредите од Албанија, Фатос Река повикан во МНР

Објавено во: Македонија 04 Април, 2017 11:02

Добивај вести на Viber

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера е повикан на разговор Амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река. 

Во соопштението од МНР се наведува дека причина се „зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани“.

„На средбата беше потенцирано дека изјавите на Претседателот на Владата и Министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија се отворено мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Eтикетирањето на Македонците како „Славомакедонци“ е навредливо и дискриминаторски кон Македонците и сите граѓани на Република Македонија. Беше истакнато дека ваквите пораки се сериозна провокација за добрососедството кое сакаме да го негуваме. Тие прават долгорочна штета на односите во регионот и потткнуваат екстремистичка реторика. Она што ни треба во регионот, е обединување околу интеграцијата во ЕУ, мир и економски напредок“- стои во соопштението од МНР. 

Претходно во неколку наврати имаше навреди од албански политичари кон Македонија и Македонците. 

Премиерот на Албанија, Еди Рама употреби термин Славомакедонци, а за Албанците кажа дека се над 35% во Македонија. 

Претходно пратеничката Месила Дода Македонија ја нарече Илирида, и рече дека никој анти Албанец нема да ги плаши Албанците. 

Можеби ќе ве интересира

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име