02 Мај, 2024
0.0260

По новиот автопат Демир Капија–Смоквица ќе се вози од ноември-за финасиите молк од сите страни

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

После неколку години контроверзна изградба по новиот автопат Демир Капија–Смоквица до 1 ноември би требало да се заврши целосната изградба на оваа делница.

Првичните најави беа дека автопатот ќе биде готов до септември 2016 година но проблемите при изведбата на оваа делница од Коридорот 10 го пролонгираа пуштањето на автопатот.

Јавноста постојано бара одговори колку пари лапна овој автопат кој го тресеа неколку скандали, но засега сите креваат раменици околу тоа прашање.

Новиот министер за транспорт и врски вчера беше да види до каде е работата а за медиумите рече дека наскоро ќе се знае точната сума бидејќи се следи и ситуацијата во Грција каде минатата недела е покрената истрага во која компанијата која го гради автопатот е осомничена за злоупотреба и перење пари.

Колку изнесува точната сума не знае ниту градоначачлникот на Демир Капија кој во изјава за 24 вести вели дека не знаел ни што значи перење пари, ниту пак сакал да се меша во финансискиот дел.

Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) и стегна казна од 50 милиони евра на грчката компанија „Актор“ .

Медиумите во Грција објавуваа дека грчките надлежни институции покренале истрага против компанијата Актор,  за наводен поткуп на официјални претставници во Македонија за да ја добијат работата на делницата Демир Капија-Смоквица. Во извештајот на ОЕЦД на кој се повикуваат грчките медиуми со наслов “Случај изградба на автопат” стои дека Грција го детектирала случајот од статиите во медиумите испратени од страна на Работната група на ОЕЦД во мај лани. 

„Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од ПЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи на Демир-Капија Смоквица почнаа во септември 2012 година, а грчката компанија го доби договорот иако имаше значително повисока понуда од околу 40 милиони евра во однос на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во поранешната југословенска Република Македонија и поединци од Грција. Во Грција прелиминарната истрага за перење пари и мито  е во тек. Грција побарала правна помош од ПЈРМ во јуни 2014 годинадодека чека одговор на барањето, побарала за помош да посредува европскиот  Еуроправда“, се наведува во извештајот на ОЕЦД објавен на 20-ти овој месец.


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда