Добивај вести на Viber
Стотина палми ќе се садат крај Охридското Езеро. Ова го најави директорот на јавното претпријатие „Македонски шуми“ Жарко Караџоски кој денеска во Охрид садеше палми заедно со градоначалникот Никола Бакрачески.
Караџоски вели дека ова било дел од есенската акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Тој информираше дека во Дојран се засадени сто палми, триесет во Струга и стотина нови се планирани да бидат засадени во центарот и на влезовите во Охрид.
Идејата ја поздравија и охридскиот и струшкиот градоначалник. За Бакрачески новите палми вистински ќе го разубават градот. Според струшкиот градоначалникот Зијадин Села, пак за Струга како туристички град,декоративните дрва се одлично решение за убав изглед на градот.