По седум месеци аболициите на Иванов на оценување во Уставен
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016
После седум месеци уставните судии ќе ја оценуваат уставноста на помилувањата кои претседателот Ѓорге Иванов ги донесе на 12 април .
Иницијативата за оценување на уставноста на одлуките на Иванов е поднесена веднаш по нивното објавување.
Иванов во април помилува 56 политичари и нивни соработници и со тоа предизвика револт кој граѓаните го префрлија на улиците ширум земјава.
Меѓутоа, притисокот од домашната и меѓународна заедница го предомисија шефпт на државата, при што најпрво беа повлечени аболициите само за политичарите, а на 6 јуни Иванов ги „прешкрта“ сите помилувања.