14 Декември, 2025
0.0412

ПО СИТЕ СКАНДАЛИ, СЕ ОГЛАСИ ЖИВКОВСКИ, ДИРЕКТОРОТ НА КАТАСТАР: Еве какво е неговото објаснување за запишаните дивоградби во Чаир

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 07:20

Добивај вести на Viber

По прес конференцијата и низата обвинувања кои дојдоа од страна на СДСМ, а претходно од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се огласи Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.
Агенцијата за катастар на недвижности, согласно Законот за катастар, не носи ниту брише решенија по сопствена волја – постапува исклучиво по доставување на правен основ издаден од надлежен орган.

Во конкретниот случај станува збор за правен основ – решение за легализација, издадено и доставено од општина Чаир. Катастарот, согласно законските надлежности, проверува дали документот е издаден од надлежен орган, дали е правосилен и потпишан од овластено лице – и врз основа на тоа врши упис или, доколку условите не се исполнети, го одбива барањето со соодветна потврда.

За веродостојноста на решението одговара органот што го донел актот, во овој случај – општината. Дополнително, по доставување на решение за поништување на легализацијата од страна на општина Чаир, заедно со уплатена такса, уписот беше избришан во законски предвидениот рок. За веродостојноста на овој акт – Решение за поништување – одговара исклучиво органот што го донел, односно единицата на локалната самоуправа“, напиша тој.


Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово