19 Мај, 2024
0.0280

По договорот за името, преостануваат уште седум дипломатски спорови на Балканот

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Бугарската БТА објави дека преостануваат уште седум дипломатрски спорови на Балканот, по договорот во Преспа помеѓу Грција и Македонија. Со тој договор Македонија повеќе нема дипломатски спорови, но инволвирани во преостанатите остануваат Србија, Косово, Хрватска, Грција, Словенија, Албанија, БиХ и Црна Гора. Пред договорот во Преспа, претходен балкански дипломатски спор што беше окончан  е оној за демаркација на границата помеѓу Црна Гора и Косово во Виена во 2015-та.

Најголемиот предизвик е спорот за косовскиот статус помеѓу Србија и Косово, од кои произлегуваат и низа други спорови. Србија не се согласува за еднострано прогласување независност на Косово, а преговорите траат 12 години. Договор со Косово е едно од поглавјата кои Србија треба да ги затвори по добивањето Датум за преговори со ЕУ.

Следен спор е оној помеѓу Србија и Хрватска за делот од границата која минува низ течението на Дунав. Во прашање се два речни острови, а претседателите на Србија и Хрватска - Александар Вучиќ и Колинда Грабар Китаровиќ се договорија дека ако за две години комисиите не најдат решение, спорот да оди пред меѓународна арбитража.

Две хидроцентрали Зворник и Баина Башта и 12 километри од пругата Белград - Бар се во сопственост на Србија но влегуваат на територија на БИХ. Република Српска предложува размена на територија, но засега другиот дел од федерацијата на Бих не се согласува на тоа.

Хрватска тврди дека има право на две мали островчиња затоа што во минатото не и правела проблеми на БиХ да излезе на море преку гратчето Неум. Хрватска сака да го заобиколи ова гратче на босанска територија со изградба на мост кој ќе ги поврзува двата хрватски брега, но БиХ се противи бидејќи така би можело да се затвори отвореноста на морето.

Има спор и помеѓу Хрватска и Црна Гора за полуостровот Превлака. Страните пред 16 години се договорија на кому колку му следува од копното, водите, а што да биде „ничива вода“, но тоа решение е само привремено, но не и трајно.

Пиранскиот залив помеѓу Хрватска и Словенија останува нерешен и големи парични казни плаќаат рибарите доколку навлезат во туќи води. Поради овој спор Словенија ја блокираше Хрватска кон влезот во ЕУ, но потоа остатапи под притисок. Решение се уште не е најдено, иако имаше одлука од независна арбитража. Хрватската делегација сметаше дека арбитражата не била независна и била под влијание на Словенија.

Албанија и Грција спорат за морската граница во Јонското море, но овој проблем е можеби блиску да се реши. Од мај 2018-та страните се во активни преговори. Во 2009 беше постигнат договор, но Уставниот суд на Албанија по жалба на опозициски табор од една локална самоуправа утврди дека земјата загубила 225 километри квадратни територијални води.

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје