26 Април, 2024
0.0308

По Србија, уште една балканска земја откри наоѓалишта на злато

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Откриени се големи наоѓалишта на злато во Босна и Херцеговина (БиХ). 

Како што кажа Милош Бошњаковиќ, генералниот директор на компанијата наречена „Ликос Балкан Металс“, траги од злато се пронајдени во областа на малата општина Језеро, лоцирана покрај реката Плива во околината на Мркоњиќ Град.

„На три локации е потврдена висока содржина на злато на контактите на различни литолошки единици, до неверојатни 27,5 грама на тон во континуитет од дури 60 метри, што е невообичаено висока содржина дури и за светски познатите рудници за злато,“ изјави Бошњаковиќ, цитиран од порталот „Независне новине“ од Бања Лука.

Геолошките истражувања почнаа лани и засега претставуваат рана фаза, а Бошњаковиќ вели дека ќе бидат потребни уште неколку години работа за да се утврдат сите важни информации за наоѓалиштето злато и можностите за негова експлоатација.

И во соседна Србија се откриени нови наоѓалишта на злато.  На локалитетот Чока Ракита во општина Жагубица е пронајдено богато наоѓалиште на злато. Геолошкиот институт на Србија соопшти дека, според груби проценки, Србија има резерви од 500 тони златна руда.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти