26 Април, 2024
0.1696

По Вице, сега и Зоран Заев „го влече“ Николоски по судови

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска како тужен од премиерот Зоран Заев на рочиштето побара во доказите во негова корист да влезе и изјавата на обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски: „Парите од рекетот барајте ги кај Вице и Зоран Заев”. Исто така Николоски побара да се земе целиот контекст на неговата изјава за која Заев покрена тужба за клевета, а не селективно, додавајќи дека до судот е доставен само оној дел кој веројатно му одговара на тужителот.

Премиерот Зоран Заев и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска требаше да се соочат на суд поради тужба која ја поднел лидерот на СДСМ, кој патем не се појави на рочиштето, а беше застапуван единствено од својот адвокат. 

Николоски побара и Заев како тужител да биде испрашан од страна на судот. Рочиштето е одложено за 20 ноември.

Заев го тужи функционерот на најголемата опозициска партија затоа што е е навреден од изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Како отштета премиерот бара 60.000 денари. 

– Сведоци сме на еден апсурд. Најмоќниот човек во земјава ме тужи за клевета. Ова го нема никаде во ЕУ. Јас не можам да ја сфатам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Прво ме тужеше Вице, сега ме тужи Зоран Заев. Забележително е тоа што, како што на рочиштето не се појави тогаш Вице Заев, така денес не се појави и негивиот брат Зоран Заев, туку тој ангажирал адвокат од најскапата адвокатска канцеларија. Верувам во чесноста на судот и судството и мислам дека овој случај треба да биде старт на реформите во судството, рече Николовски по рочиштето.

Претходно во декември минатата година Николоски рече дека Вице Заев, братот на Зоран Заев, не успеал од него да добие 30.000 денари отштета, па сега веројатно претседателот на владеачката партија бара 60.000 денари отштета.

Во изјавата, поради која премиерот поднел тужба минатата година, Николоски вели: „Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше, што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана  лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава, затоа е потребна и кривична и политичка одговорност“.

Претходно Вице Заев го тужеше Николовски за изјава дека Изјавата дека со наместени тендери и бизниси тужителот станал главен бизнис фактор во државата.



Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица