По завршување на свадба избила масовна тепачка
Објавено во: Македонија 16 Август, 2019
По завршување на свадба, масовна тепачка избила пред една скопска кафеана.
Tепачката во која се инволвирани 13 скопјани се случила на 16 август по полноќ, по завршување на свадбена прослава, пред кафеана на булеварот „Борис Трајковски“. Во тепачката учествувале две групи.
Во едната група имало седум лица на возраст од 17 до 53 години, а во другата шестмина на возраст од 24 до 75 години.
Од полицијата соопштуваат дека во врска со инцидентот сочинети се записници за констатиран прекршок според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.