15 Мај, 2024
0.0293

Почесниот конзул на Македонија во Барселона, уапсен за убиство на неговите две деца

Објавено во: Македонија 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Почесниот конзул на Македонија во Барселона, Марио Деус, е уапсен во Јужна Африка како осомничен за убиство на неговите две деца, тригодишни близнаци, објавија шпанските медиуми.

Според информациите од полицијата во Јужна Африка, мајката на децата која била шведска државјанка, ги нашла телата во летната резиденција на Марио Деус во близина на Кејп Таун, соопшти портпаролот на полицијата Андре Траут.

Кога мајката пристигнала во семејната вила, осомничениот убиец избегал со нејзиниот автомобил, но подоцна бил уапсен во Кејп Таун.

„Околностите за убиството и причината за смртта на тригодишните близнаци се уште се испитуваат“, изјави полицискиот портпарол.

Медиумите јавуваат дека Деус е обвините по две точки за убиство и кражба на автомобил и наскоро ќе се појави во суд.

Функцијата почесен конзул во Шпанија е поинаква од конзул од кариера, која ја извршуваат дипломати. Почесните конзули најчесто се успешни бизнисмени. Тие ја претставуваат земјата, во случајов Македонија, онаму каде таа има мало присуство или влијание, но има добри контакти со властите и бизнисмените во земјата каде што ја врши функцијата.

Оваа информација во шпанските медиуми е објавена викендов, но засега нема никакво соопштение од македонското Министерство за надворешни работи. На интернет страната на МНР за Марио Сезар Деус пишува дека за почесен конзул на Македонија во Барселона е назначен на 6 декември 2012 година.

Марио Деус е познат стоматолог во Барселона, а неговото име фигурира и како директор на уште една приватна фирма.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци