Почина Љубе Рајевски - долгогодишен и респектиран банкар
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2019
Почина Љубе Рајевски долгогодишен банкар, еден од најреспектираните во земјава. Рајевски ја изгуби битката со ракот на 64 годишна возраст, а погребот е закажан за во вторник на градските гробишта Бутел во Скопје.
Рајевски е дипломиран економист и има тридецениско работно искуство во финансискиот сектор во земјава, во банкарството и во финансиите.
Најдолг период од својата кариера помина во Тутунска банка, а таму влeзе во 1987 година каде пред заминувањето членуваше и во Управниот одбор. Впрочем од 2000 година до 2017 беше втор човек на НЛБ Тутунска банка, кога по сопствен избор се повлече.
Во март лани беше избран за нов независен неизвршен член на Триглав Осигурување АД Скопје.
Љубе Рајевски е роден е 11.3.1955 година, татко е и сопруг.
Редакцијата на Фактор изразува сочувство до семејството и блиските на Рајевски. Финансискиот сектор изгуби голем човек.