30 Април, 2024
0.1728

Почина светски познатиот физичар Стивен Хокинг

Објавено во: Свет 14 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Светски познатиот физичар, Стивен Хокинг, кој се обиде да објасни некои од најкомплицираните прашања за животот почина на 76 години, соопшти Здружението за медиуми на Британија, повикувајќи се на претставник на неговото семејство. Истражувачкиот ум на Хокинг ги испитувал границите на човечкото разбирање и во Вселената и во подмолекуларниот свет на квантната теорија.

Тој е познат по своето дело за мистеријата на црните дупки во Вселената, дупки од излегува енергија и исчезнува во празно – феномен кој подоцна ќе биде наречен Хокинг зрачење како и по релативитетот . Професорот Хокинг бил првиот што ја поставил теоријата за универзумот како збир на релативитетот и квантната механика.

Хокинг беше познат и како „чудо на природата“, бидејќи успеал да ги побие сите лекарски предвидувања дека ќе има кус живот, откако на 22 годишна возраст му бил дијагностициран редок вид болест на невролошкиот систем.

Поради болеста тој поголемиот дел од животот го мина во инвалидска количка и не можеше да зборува, освен преку синтетизатор на глас.

Роден е на 8 јануари 1942 година во Оксфорд, Англија. Во1959  се запишал на Универзитетот во Оксфорд за да студира природни науки , а завршува со докторат на Кембриџ.

Неговата книга „Кратка историја на времето“ објавена во 1988 година, е продадена во повеќе од 10 милиони примероци.

Стивен Хокинг почина утрово на 76 годишна возраст.


Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург