16 Јануари, 2025
0.0329

Почна поставување на атмосферски колектори на критичните точки што се поплавуваат во Скопје

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и в.д. директорот на јавното претпријатие “Водовод и канализација”, Бојан Василевски денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи на подвозникот на булеварот “Киро Глигоров”, каде изминатиот период повеќе пати се создаде поплава по големите врнежи на дожд. Градот Скопје, во соработка со јавното претпријатие “Водовод и канализација” изработи акционен план за сите градежни зафати коишто треба да се изведат на десетте точки каде се создаваат поплави и најголемиот број од нив ќе бидат завршени во период од 2 до 3 месеци. „Со овие градежни зафати почнуваме со решавање на проблемите коишто ги имаме со поплавите кои ни се случија по поројните дождови годинава. Имено, при поплавите лоцирани се десетина места кои се критични и се создаваат поплави, а ова е едно од тие места. Денеска започнаа градежните работи на булевар “Киро Глигоров”, каде на потег од околу 100 метри се прави нов атмосферски колектор со профил ф-800 милиметри, со што сметаме дека проточноста на атмосферските води ќе се зголеми за двојно. Дополнително со овие градежни зафати се исправува атмосферскиот колектор, кој досега имаше две прекршувања под агол од 90 степени, со што сметаме дека ќе се надминат досегашните проблеми. Исто така, на овој атмосферски колектор пред влезот во реката Вардар, исто така има прекршување под агол од 90 степени кои треба да биде корегиран во наредните 15 дена. Покрај овие зафати, на оваа локација ќе се стават попречни решетки кои ќе бидат поставени на повисокото ниво пред падот на косината, со што атмосферските води ќе бидат прифатени во повисокиот дел и ќе бидат однесени директно во атмосферскиот колектор, пред овие води да дојдат во нискиот дел каде што се црпат со пумпи и се создаваат поплави“, кажа Трајановски. Покрај зафатот на булевар “Киро Глигоров”, Трајановски говореше и за планираните зафати на сите десет критични точки во Скопје. „На сите десет точки ќе бидат извршени активности за намалување на можноста за појавување на поплави во иднина, како што е поставување на попречни решетки, зголемување на сливниците и нивно продлабочување, а веќе се работи на терен за надминување на проблемот на улица “Финска”. На оваа улица веќе е направен колектор од 150 метри и решен е проблемот којшто се јавува на едниот крак, но крајното решение ќе се добие со зафатите кои ќе се прават на улица “Маџари”, каде покрај реконструкција на оваа улица, ќе се направи и нов  атмосферски колектор на  потег од улицата “Антон Попов” до булеварот “Александар Македонски”. Атмосферскиот колектор ќе биде со профил од 800 до 1000 милиметри и сметаме дека со овој зафат ќе се решат проблемите на улица Финска и целата населба Ченто. Тендерот за изведбата на овој зафат ќе биде распишан од 10 до 15 октомври и  неговата проектирана вредност е околу 60 милиони денари. Како локација којашто е попроблематична и бара поголем зафат е подвозникот кај кружниот тек на улица “Боца Иванова” во Бутел, каде што во тек е изработка на проект и до крајот на декември ќе биде објавен тендер за изведба, чијашто проектантската вредност е околу 30 милиони денари“, вели Трајановски. На подвозникот на булевар Гоце Делчев кај стоковната куќа МОСТ, планирано е поставување на нови попречни сливници на улицата “Лазар Личеновски” и на делот до објектот на новиот театар, кој нема да дозволат атмосферските води да се враќаат во најнискиот дел на подвозникот. Дополнително, предвидена е и изградба на нов атмосферски колектор со поголем капацитет, кој би се движел од најниската точка на подвозникот до атмосферскиот колектор кај споменикот на Филип Втори Македонски. Вкупна инвестиција за градежните зафати на сите овие десет точки е околу 2 милиони евра. Градоначалникот Трајановски упати апел до општините во Скопје, да започнат активности за лоцирање на критични точки на локалните улици и изградба на атмосферски канализации на истите, коишто потоа би се поврзале со главните атмосферски колектори и со ова би се надминале поплави.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката