Почна трговската војна, но како ќе врати Кина кога е зависна од увозот од САД
Објавено во: Свет 06 Јули, 2018
Царинските давачки за 818 кинески производи, вклучувајќи автомобили, авионски делови, хард дискови и друго, стапија во сила. Американските царини се сос ставка од 25 отсто за кинески увоз, што претставува вредност од 34 милијарди долари.
Во контроверзната мерка на САД „поштедени“ се популарни производи како мобилни телефони и телевизори.
Централната банка на Кина пред воведувањето на царините го намали курсот на јуанот во однос на доларот. Светските медиуми коментираат дека со воведувањето на царините, САД и Кина ги испукаа првите истрели во трговската војна меѓу себе.
По воведувањето на американските царини, Кина соопшти дека е принудена да даде „неопходен одговор“, не прецизирајќи каков ќе биде тој одговор.
„Кина вети дека нема да пука прва, но за да ги заштити основните интереси на земјата и нејзиниот народ, Кина е принудена да даде неопходен одговор’, се вели во соопштение на кинеското Министерство за трговија.
Пекинг претходно вети дека ќе му врати на Вашингтон на ист начин – со исти царини за американските стоки. Се очекува кинеските царини да влијаат врз земјоделските производи, како што е сојата, од која кинескиот пазар многу зависи.
Царините, исто така, може да влијаат и на автомобилскиот сектор или морските производи.