16 Јануари, 2025
0.0278

Почнува пријавувањето за ЦЕМТ дозволи и автобуски линии

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Аплицирањето и распределбата на транспортните дозволи за превоз на стока, но и на автобуските линии и оваа година ќе се врши по електронски пат. Електронското аплицирање за ЦЕМТ дозволите ќе започне од 10.10.2014 година со почеток од 00:00 часот, објави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки (за сите видови меѓународни транспортни дозволи) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk  заклучно до 15.10.2014 година до 24:00 часот. „Она што е важно да се напомене е дека за ЦЕМТ дозволи за 2015 година, исто како и во 2014 година, ќе имаат право да аплицираат превозници кои поседуваат возила со еуро 6 и еуро 5 стандард. До денес во базата на Министерството за транспорт и врски со изводи од лиценца евидентирани се 185 возила со„еуро 6“стандард и 2.318 возила со еуро 5 стандард“, вели Јанакиески. Согласно одлуката од работната група за патен транспорт при конференцијата на министри за меѓународен превоз на стока со седиште во Париз, одлучено е Република Македонија да има 139 базни дозволи врз основа на кои ќе може да се врши распределбата на ЦЕМТ дозволите за 2015 година. Ова значи дека Република Македонија за распределбата за ЦЕМТ дозволи за 2015 година има на располагање 1220 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со еуро 5 категорија и 204 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со еуро 6 категорија. „Политиката на Министерството за транспорт и врски е во насокана 100% покриеност со ЦЕМТ дозвола на возилата со „еуро6“ стандард, а оваа година очекуваме покриеноста на возилата со „еуро 5“ стандард со ЦЕМТ дозволи да биде помеѓу 55 - 60%, што е најдобра покриеност со ЦЕМТ дозволи за оваа категорија на возила од сите останати земји во регионот“, нагласи министерот. Министерството за транспорт и врски на 1 октомври 2014 година ќе објави оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници. Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.liniskiprevoz.gov.mk Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници-правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 01.10.2014 година од 09 часот заклучно до 02.10.2014 година до 9 часот. Одобрувањето за возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии кое се врши преку електронски систем го следи и контролира Комисија за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии формирана од министерот за транспорт и врски во согласност со член 24-а став 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај. „Овие начини на аплицирање и распределба го прави целиот процес максимално транспарентен, затоа што ја елиминира вклученоста на човечкиот фактор, исклучувајќи можноста за коруптивно дејствување во работењето и истовремено ја олеснува процедурата за аплицирање заштедувајќи време и непотребни трошоци и за превозниците и за администрацијата“, нагласува Јанакиески.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката