ПОЧНУВААТ: Русите ќе ја затегнат славината во јануари
Објавено во: Економија 12 Декември, 2018
Рускиот министер за енергетика, Александар Новак изјави дека Русија постепено ќе го намалува производството на нафта.
За почеток тоа ќе бидат најмалку 50.000 барели дневно, пишува Спутник.
Ова е во склад со договорот кој го постигна Русија со ОПЕК минатата недела.
Планот е подготвен и се очекува негова примена од јануари.
Во октомври Русија имала производство од 11,4 милиони барели сирова нафта, соопшти Новак во Виена.
Саудиска Арабија најави најголемо намалување на производството, или за половина милион барели дневно.