19 Мај, 2024
0.0344

ПОДДРШКА ЗА ПОКОНКУРЕНТНА ПОЗИЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ ОД БИТОЛСКИОТ РЕГИОН

Објавено во: Економија 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во Општина Битола се оджа работен состанок на бизнис заедницата со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и со заменикот на претседателот на Владата на РМ, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресориКочо Анѓушев. На состанокот се дискутираше за тековните активности, проблеми и развој на регионалната економија.

Општина Битола заедно со Регионалната комора со седиште во Битола при Стопанската комора на Македонија, беа домаќини на средбата на која владините претставници, пред бизнис секторот од битолскиот регионги презентираа  заложбите и мерките за поддршка на развојот на економијата во целост како и можностите за поддршка на претпријатијатапреку третиот столб, вклучително и новата мерка за поддршка на пораст на платите до 18.000 денари во трудоинтензивни дејности.

Премиерот Заев, ја нагласи подготвеноста на Владата за превземање на конкретни мерки и активности во стабилизирање и зацврстување на развојот на домашниот сектор, помош на  инвестициите кои ќе ги реализираат како странските така и домашните компании, како и натамошен развој на институциите кои се сервис на стопанството во земјата.

Заменикотна претседателот во Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, детално ги претстави сите законски решенија кои им овозможуваат финансиска поддршка на компаниите, критериумите за аплицирање во насока на подигнување на нивниот степен на развој и конкуретност, како и подршка на извозната ориентираност.

Градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска, поздравувајќи го големиот одзив на претставниците на стопанството, ја истакна поддршката што Општината им ја нуди на претријатијата со креирање на една ефикасна локална администрација која ќе биде ориентирана кон пратење на развојот на компаниите во регионот.

Од позиција на бизнисот, претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски и овој пат ги потенцираше примарните заложби на бизнис-секторот за поинтензивен развој на инфраструктурата, патната и железничката мрежа како и гасификацијата на регионот и можноста за поефтин енергенс во процесите на производство, а со тоа и поконкурентна позиција на компаниите од регионот и државата на пазарите.

Во рамки на состанокот се разви дискусија во рамки на која претставниците од присутните компанииги презентираа тековните проблеми, но и активностите и плановите за во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа