ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин
Објавено во: Свет 27 Март, 2024
Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против рускиот претседател Владимир Путин.
Вкупно 39 нобеловци ја повикаа светската заедница да ја зајакне поддршката за Украина во одбивањето на руската инвазија, да ја поддржи демократската опозиција во Русија и да не го признае Владимир Путин за претседател на земјата. Апелот е објавен на веб-страницата на научната публикација „Т-инваријант“.
Текстот нагласува дека Навални и другите руски опозициски лидери го предупредиле светот за заканата на Путин, „следејќи го нивниот голем претходник“, академик Андреј Сахаров, добитник на Нобеловата награда за мир во 1975 година. За да ги зајакнат „надежите на Русите за демократска иднина“, авторите предлагаат да се обезбеди победа на Украина во војната со Русија. Текстот го потпишаа 16 нобеловци за физиологија или медицина, 9 лауреати за физика, 6 за хемија, четворица лауреати за литература и тројца лауреати на награда за мир. И дел од Русите кои живеат во странство го критикуваат Путин и повикаа Западот да не ја признае неговата изборна победа.