Добивај вести на Viber
Ќе се заоструваат постоечите и ќе се воведуваат нови казни со најавените измени Кривичниот законик. Со предложените измени, покрај зголемувањето на времетраењето на затворските казни, се воведува забрана за посетување спортски натпревари за насилничко однесување, но и медицински третман односно хемиска кастрација за педофилите. Ваквата строга мерка се превидува како посебна санкција поради облик на патолошки криминал, при што ќе расте и затворската казна до 20 години.
Измени има во 77 члена на кривичниот Законик. За престрапниците кои направиле полесни дела, се предвидуваат и алтернативни мерки како општокорисна работа, куќен затвор,условната осуда и слично.
Оие измени, информираше министерот за правда Блерим Беџети, се воведуваат од 1 декември кога почнува примената на новиот кривичен Законик. Тој најави дека измените се прават транспарентно и заедно со експертската јавност.
„Целта на овој предлог е кривично- правно да се нормираат одредни ситуации кои досега претставвуаа правна празнина и во практиката беа можност за одредени злоупотреби.“, истакна Беџети.
Како што истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија од кои 35 лица добиле затворска казна од четири години.
Просечната казна е шест години и ова е доволен аргумент за ниските казни, смета Спасов.
„Поради тоа, предложивме антистостеронски третман, односно посебен медицински третман за да се спречат сторителите во иднина да ги повторат делата“, изјави Спасов.
Хемиска кастрација со која преку инјекција се намалува или елиминира сексуалниот нагон и либидото на педофилот,предизвикува поделени мислења меѓу борците за човекови права. Ваква мерка воведе Полска, Русија, Велика Британија, Франција и Германија.
Со измените на законот максималната затворската казна од 15 се подига на 20 години за полов напад врз дете, а за делата за кои е предвидена и казна доживотен затвор може да се изрече долготраен затвор од 40 години.