Добивај вести на Viber
ЈП „Македонски шуми“ ги намали цените на буковото огревно дрво за 10 отсто за сите физички лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош. Одлуката ќе важи до 30 септември.
Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2.133 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2.015 денари. Овие цени важат само за купување во складовите на ЈП „Македонски шуми“.
„За луѓето кои живеат во градови можеби тоа не значи ништо и е безначајна мерка за нив, но за оние што се греат на дрво и живеат во порурални места, а некои од нив и во градови, знам дека ќе им значи многу“, вели премиерот Никола Груевски.