Добивај вести на Viber
Значително опаднаа трошоците за задолжување на Италија и Шпанија, поради што се намалија и каматните стапки на италијанските обврзници за прв пат во последните две години, кои паднаа на 4,4%, а приносот на десетгодишниот шпански државни записи падна на 5,2 %. Патрик Жак специјалистот за финансиско работење од француската банка БНП Парибас, смета дека ова е показател дека во еврозоната долгот се враќа во нормални граници.