18 Мај, 2024
0.0263

ПОГРЕБАЛНИТЕ МОНОПОЛИ ја злоупотребуваат позицијата на пазарот!

Објавено во: Економија 01 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Нелојална конкуренција и злоупотреби на пазарот на погребални услуги, регистрираше Комисијата за заштита на конкуренцијата. Неоправдано се наплаќани високи суми, на штета на граѓаните и фирмите, а се злуопотребувала и доминантната позиција на пазарот, така што јавните претпријатија кои ги одржуваат гробиштата, не ги признавале сметките и не рефундирале пари за солидарен гроб, ако погребалната опрема е купена од друга фирма. Проблемите се лоцирани во Скопје, Охрид и Струмица, односно, од страна на БУТЕЛ АД Скопје, ЈП Охридски Комуналец и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица. Ова уште лани го утврдила  комисијата за заштита на конкурецијата, за што и повела постапки против претпријатијата. Бутел АД Скопје – неоправдано наплаќал дополнитени суми пари Комисијата за заштита на конкуренцијата утврдила дека Бутел АД Скопје ја злоупотребило својата доминантна позиција на пазарот на обезбедување комунални услуги на градските гробишта на територијата на градот Скопје,  директно наметнувајќи нефер услови на тргување. „На правните и физичките лица регистрирани за изградба на надгробни споменици во надоместот за комунални услуги на гробиштата неоправдано им вкалкулирал и износ од 1.400,00 денари, плус ДДВ на име одржување - чистење (комунална хигиена)“, стои во извештајот на Комисијата за заштита на конуренцијата. При тоа, иако извештајот е за работата на комисијата за лани, сепак утврдено е дека неоправданите трошоци шти ги наплаќале во Бутел АД Скопје биле во периодот од 2005 до 2007 година. Охридски Комуналец поттикнува нелојална конкуренција ЈП Охридски комуналец пак, не ги признавал сметките за корисниците на солидарен гроб, ако погребалната опрема е купена од друго претпријатие, злоупотребувајчи ја на тој начин доминантната позција на пазарот. Сетоа тоа се случувало во периодот од 2009 до 2010 година. „ЈП Охридски комуналец како единствено претпријатие во Охрид што вршело комунална дејност од јавен интерес – одржување на гробови, гробишта и давање на погребални услуги ја злоупотребило својата доминантна позиција, така што ги ограничувало конкурентските можности на претпријатијата кои вршат продажба на погребална опрема, на начин што со не-обештетување односно не-рефундирање на средствата на корисниците на солидарен погреб при купување на погребална опрема од други претпријатија, врши нивно дестимулирање да набавуваат погребална опрема од други претпријатија и на тој начин врши ограничување на пазарот на продажба на погребална опрема  на штета на потрошувачите“, стои во објаснувањето на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Комисијата за заштита на конкуренцијата му изрекла казна од 2 илјади евра. ЈПКД „Комуналец“ – Струмица – неоправдано висок надомест Парична казна од 7 илјади евра е изречена и за ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, бидејќи сторени повеќе прершоци на штета и на граѓаните и на фирмите. „На  правните и физичките лица кои вршат изградба на надгробни споменици во гробиштата со кои тоа стопанисува, им наплатувало неоправдано висок надомест од 4.500,оо денари на име надомест за режиски трошоци за изградба на надгробен споменик, што претставува директно наметнување на нефер продажни цени, пишува во извештајот на КЗК. Дополнително, проблеми се лоцирани и со начинот на кој го реализирало солидарниот погреб, односно со необештетување односно нерефундирање на средствата од солидарениот погреб на корисниците на солидарен погреб при купување на погребална опрема од други претпријатија, ги  дестимулирал истите да набавуваат погребална опрема од други  претпријатија кои вршат продажба на погребална опрема, извршило ограничување на пазарот на продажба на погребална опрема на штета на потрошувачите. Но, исто така иако не смееле, сепак, ова претпријатие го врзувало користењето на солидарниот погреб и погребална опрема се плаќање на сметките за комунални услуги, односно го условило користењето на средствата од солидарниот надомест за погреб и погребална опрема со прифаќање на дополнителни обврски – плаќање на надомест за вода и смет, што по својата природа не се поврзани едно со друго. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра