18 Мај, 2024
0.2430

ПОГРЕБАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗЛОУПОТРЕБУВААТ: За да го земат починатиот од болница, семејствата плаќаат од 25.000 до 120.000 денари

Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска реагира на работата на погребалните претпријатија, посочувајќи дека, како што велат, покрај загубата на нивните најблиски, голем број на граѓани се принудени да платат огромни суми на пари за погреб на починатите како последица на Kовид-19. Граѓаните се оставени во немилост и без соодветна здравствена грижа, без работа, сиромаштија која секој ден тропа во нивните врати

-Според сите релевантни статистики, Северна Македонија има најголем процент на смртност како последица од пандемијата, додека граѓаните покрај сите други потешкотии со кој се соочуваат нашите се принудени да платат огромни суми на пари за погребот, п точно, за да се подигне починатиот од болница (мртовечница) мора да платат големи суми на пари кој според нашите информации се движат од 25.000 илјади до 120.000 илјади денари, средствата треба да им се платат на погребалните служби, а тие се правдат со еден непостоечки протокол на Министерството за здравство, според кој, треба да се користат специјални ПВЦ материјали и лимен-ковчег. Очигледно е дека голем број на граѓани се практично ограбени од страна на погребалните служби, а тоа го дозволува Министерството за здравство, бидејки нема превземено никаква мерки. Бараме одговорност и објаснување од Министерството за здравство како се уплатени тие средства, на која сметка,за каква цел и каде завршиле тие пари, бидејќи има случаи кога парите се платени при подигање на починатите од болница, соопштија од коалицијата.

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива предлага ова категорија на граѓани, односно сите семејства кои имат изгубено свој член како последица од Ковид-19, да бидат опфатени со петата мерка на Владата и да им биде доделена одредена сума на средства како надомест за погребални трошоци, а Министерството за здравство да преземе конкретни законски дејствија за да се расчисти случајот со погребалните служби кои ја злоупотребуваат кризната состојба со пандемијата.


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање