ПОКРЕНАТ НОВ СПОР: Сад ја разбеснеа и Јужна Кореја
Објавено во: Свет 14 Мај, 2018
Јужна Кореја покрена спор пред Светската трговска организација против САД поради воведувањето на царини на увозот на машини за перење алишта и соларни панели.
Како што соопштиле, спорот го покренале бидејќи со царините се крши спогодбата на СТО.
Министерството за трговија, индустрија и енергетика, на Јужна Кореја наведува дека доставило барање за билатерлани консултации со американската страна како би почнал процесот за решавање на спорот, пренесе Ројтерс.
Овој потег е еден во рамките на мерки кои владата на Јужна Кореја ги презеде откако Доналд Трамп во февруари значајно ги зголеми тарифите на увоз на машини за перење и соларни панели поради заштита на американските произведувачи.
Јужна Кореја во април најави план за суспензија на царинските овластувања на увоз на американската роба вредни 480 милиони долари, по тарифните мерки на САД против јужнокорејскиот увоз.
Министерството во Сеул соопшти дека ќе одговори на нечесните ограничувања на увозот кој главниот трговски партнер на оваа земја ги вовел против компании од Јужна Кореја.