Полицајци спасија дете кое паднало во Вардар
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2020
Од водите на Вардар е спасено 9-годишно дете.
Денеска околу 14 часот е пријавено дека машко дете паднало во река Вардар помеѓу Камени Мост и мостот Гоце Делчев, соопшти полицијата.
Полициски службеници од ПС Центар и Интервентната полиција го спасиле деветгодишното дете.
Деновиве малолетник од Истибања се удави во реката Брегалница.