17 Мај, 2024
0.0316

Полицијата и натаму го бара Панчевски во Велес, меѓународна потерница се уште нема

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Наќе Чулев,. техничкиот министер за внатрешни работи, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање рече дека полицијата се уште трага по поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, во Велес. 

- Во три наврати припадници на полицијата од Центар се обидуваа да го пронајдат бараното лице , по што е информиран секторот во Велес и во моментов полицајци со правосудните органи се наоѓаат во овој град истовремено додека е распишана потерница, рече Чулев во обраќањето пред медиумите.

Како што рече министерот, се уште се утврдува дали лицето официјално ја напуштила државата, односно дали да се распише меѓународна потерница.

Панчевски се бара за издржување на 30-дневниот притвор. Основниот суд Велес, на Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет.

Судењето за злоупотреба на „АКМИС“ системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.

Можеби ќе ве интересира

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори