Полицијата ја растера толпата, протестот заврши со повредени
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2018
Полицијата употреби солзавец со цел да ја разбие гневната толпа која стана насилна. Меѓу демонстрантите имаше и припадници на навивачки групи кои користеа пиротехника, фрлаа со петарди и факли. Дел од луѓето кои демонстрираа со предмети фрлаа кон полицијата.
Потоа интервенираа специјалните единици за справување со толпа.
Демонстрантите бараат да не се прифати договорот за решавање на спорот за името и упатуваа закани кон политичарите од Македонија.
Медиумите пријавија и неколку повредени и интервенција на брзата помош.